Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најчевска: Бугарите не се и никогаш не биле дел од државнотворноста на Македонија

Најчевска: Бугарите не се и никогаш не биле дел од државнотворноста на Македонија

Како смее во ситуација на очигледен конфликт меѓу Македонија и Бугарија, известувач за Македонија да биде државјанин на Бугарија, прашува професорката Мирјана Најчевска.

Таа на својот Фејсбук профил посочува „оти Бугарите никогаш не биле дел од државотворноста на Македонија“.

- Некој ептен се подигрува со нашата држава.

И не, Бугарите не се и никогаш не биле дел од државнотворноста на Македонија.

Напротив.

На секој начин се обидувале да ја попречат, а денес се обидуваат да ја уништат.

И не знам со кој памет македонските власти не се побуниле против поставувањето на Бугарин како известител за напредокот на Македонија во ЕУ пристапниот процес - пишува Најчевска. 

Нејзинот пост ви го пренесуваме во целост. 


Слично

Поврзани вести