Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најчевска: Бугарија може да се интересира, aма не може да прејудицира

Најчевска: Бугарија може да се интересира, aма не може да прејудицира

Професорката Мирјана Најчевска го коментира потегот на соседна Бугарија, веднаш да упати протестна нота до Македонија, откако во Охрид три лица истепале младо момче, кое патем било секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“. 

Според неа, ова е директно и агресивно мешање на една држава во внатрешните работи на друга.

„Бугарија може да праша, може да се интересира, може да бара соодветна истрага, може да понуди дури и помош во истрагата, ама не може да прејудицира. На овој начин во Бугарија се шират лажни вести, се создава анимозитет кон Македонија и се поткрепува сопствената непримерна асимилаторска политика“, пишува Најчевска на Фејсбук. 


И други јавни личности коментираат дека требаше да се почека, истрагата да покаже кој е мотивот за нападот. 

Инаку, македонскиот министер за надворешни работим, Бујар Османи го осуди настанот. Сепак, момчето претходно го имало во полициските билтени поради дрога. 

Дел од бугарските политичари жестоко реагираа и повикаа Бугарија да го врати ветото за Македонија. 

Виктор Стојанов, основач на Фондацијата Македонија упати закани кон Македонците. 

Слично

Поврзани вести