НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“
Професорката Мирјана Најчевска со свој став за Венко Филипче кој е избран за лидер на СДСМ.
„Разбирам ВМРО-ДПМНЕ да го изберат Мицковски за претседател. Некако ептен им личи. Тоа е нивото на таа партија.
Ама СДСМ да избере хоштаплер, кој нанепосредно влијае на тоа Македонија да биде држава со една од највисоките стапки на смртност во Европа за време на ковидот малку е чудно.
Тоа е истиот министер кој тврдеше дека високата смртност на доенчињата е вина на мајките
Кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето
Тој е светлата иднина? Носител на реформи и напредок?
Па уште сдсмовциве припаѓаат во несвест и му аплаудираат и Фани (новата потпретседателка која доаѓа од невладиниот сектор) вели ќе го следела.
Ма ајдете бре луѓе.
Па ваљда имате нешто подобро од Мицковски“, напиша таа.
