Професорката Мирјана Најчевска преку објава на социјалните мрежи упати критика до властите, посочувајќи дека државата има средства за бројни привилегии на функционерите, но не и доволно за решавање на проблемите со ѓубрето и животната средина.
Во својот статус таа наведува дека ако има средства за бесплатно јадење на пратениците и министрите, како и за нивните службени патувања, тогаш мора да има и за расчистување на отпадот низ државата.
„Ако има пари за бесплатно јадење на пратениците и министрите, има и за чистење на државата од ѓубре. Ако има пари за шетање на пратеници, министри и нивните фан групи низ светот, има и за чистење на ѓубрето од државата. Ако има пари за дневници и патни трошоци од илјадници евра, има пари и за чистење на ѓубрето од државата. Ако има пари за сите управни, надзорни и кој знае какви одбори и комисии, има пари и за чистење на државата од ѓубре – напиша Најчевска.
Нејзината објава доаѓа во период кога во јавноста повторно се отвора темата за управувањето со отпадот, дивите депонии и потребата од поефикасни мерки за заштита на животната средина.
