НАЈЧЕВСКА: А ВАКА ДА ЈА УСЛОВЕВТЕ БУГАРИЈА? - Професорката со посебен осврт кон променливите услови за членство во унијата
Професорката Мирјана Најчевска денеска со посебен осврт на начините на поддршка кои претставниците на Европската унија ги даваат, ветуваат и остваруваат кон земјите кои се кандидати за членки на унијата, однсоно земји кои сакаат да станат дел од унијата.
Таа со посебно прашање се осврна на нашиот сосед, кој без престан поставува нови барања и услови до нашата земја со кои би требало да даде „амин“ на нашето зачленување.
- А вака да ја условевте Бугарија?
На пример, ќе има пари за Бугарија ако го признае своето фашистичко минато како прв чекор во надминувањето на истото, ако престане да пројавува отворено асимилаторски намери кон Македонија и ако почне да ги спроведува одлуките на ЕСЧП - напиша Најчевска на Фејсбук. Од коментарите кои граѓаните ги напишаа под постот на професорката, повеќе од јасно е дека на граѓаните веќе им „пука филмот“ од истрајноста и долготрајноста на нашата апликација, но и од „невозможните задачи“ од соседите.
