Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најчевска: Детето, сопружникот, татко, мајка на ниту еден актуелен политичар не смее да биде член на управен или надзорен одбор

Најчевска:  Детето, сопружникот, татко, мајка на ниту еден актуелен политичар не смее да биде член на управен или надзорен одбор

Професорката Мирјана Најчевска ја искоментира позицијата на ќерката на собранискиот спикер Талат Џафери во надзорниот одбор на ЕСМ. 

„Според мене детето, сопружникот, татко, мајка на ниту еден актуелен политичар не смее да биде член на управен или надзорен одбор. Тоа е највисок облик на корупција и конфликт на интереси“, пишува Најчевска. 


Месуд Јакупи (ИТ администратор), шефот на изборниот штаб на ДУИ во Студеничани, доби шестмесечен мандат како директор на ЕСМ снабдување со топлина, а во надзорниот одбор членуваат битолчанецот Петар Петровски, ќерката на претседателот на Собранието, Талат Џафери, Бесиана Џафери Беќири од Чаир и Зорица Гиовска од Гази Баба.

Слично

Поврзани вести