Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Најчесто системот ги товари насилниците со условни, понекогаш по поише пати“: Ина Многуфина со остра реакција

„Најчесто системот ги товари насилниците со условни, понекогаш по поише пати“: Ина Многуфина со остра реакција

Дали пресудата против напаѓачот врз градоначалничката Данела Арсовска е доволна за заштита на сите жени. Дали оваа пресуда ќе помогне да се промени нешто во системо, кој според многумина не ги брани жртвите. 

На оваа тема се огласи и општествената критичарка, Ина Многуфина, која во повеќе наврати пишува на темата насилство врз жените. Како и досега и овој пат со барање за поголема заштита на жените жртви на насилство. 

- Не е Данче ова системска победа за секоја жена и мајка. Ова е редок случај на казна поради тоа што си јавна личност и градоначалник и поради тоа што јавноста реагираше. Невидливите жени немаат се уште победа. Најчесто системот ги товари насилниците со условни, понекогаш по поише пати. 

Пред некој месец една жена жртва, оперирана од канцер, си го дочека насилникот дома, иако на рочиште 3 минути и ги читаа повредите, постапката за забрана за приближување беше поспора од неговиот пат до жртвата. 

Системот има уште многу да работи, а во тоа можат да помогнат жените кои успеваат да стигнат до битни функции и да направат нешто за другите жени, да влијаат и да се залагаат на друго ниво во нивниот мандат. Ама тоа некако не се дешава. 

Далеку сме од системска победа, ова е победа за заштита на институцијата и твоја како носител на функција. И тоа е добро, но да си дочекаат сите за нивните насилници. Вклучувајќи го и оној вчера во Кавадарци што ја тепал жена му од 68 години на сред улица. Затоа се силат, пошо казните за невидливите се невидливи #стопзанасилствоврзжени - напиша Многуфина на Фејсбук. 


Слично

Поврзани вести