НАЈЧЕСТИ ЖЕНСКИ ИМИЊА ВО ЕВРОПА: Во Македонија води Јана
Најчесто женско име во Македонија е Јана.
На страницата Amazing Maps беше споделена мапа на Европа, на која се прикажани најпопуларните женски имиња во разни држави.
Едно од најчестите имиња е Софија. Ова име е најзастапено во Србија и Црна Гора, но и во Италија, Русија и Словачка.
Во Босна и Херцеговина најчестото име е Сара, а во Хрватска најпопуларно име за девојчиња е Миа, а тоа беше најпопуларно и во Швајцарија и Естонија. Во Словенија во претходната година девојчињата најчесто ги нарекувале Ема, а во Албанија – Амелија.
Во Португалија и Грција најчесто име за девојчиња било Марија, а во Шпанија – Лусија. Во Турција тоа е Зејнеп, а во Велика Британија и Финска е Оливија.
Слично
