„НАЈЧЕСТИ СЕ ЛАЖНИТЕ СМС ПОРАКИ ЗА ПРИСТИГНАТА ПОШТА“: МВР алармира 'не отварајте сомнителни линкови и не споделувајте лични податоци'
Затоа од МВР апелираат до граѓаните да бидат внимателни при користењето на интернет, да не се отвараат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали, да ја проверат адресата на испраќачот - официјалните институции и компании користат службени домени, да користат двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на нивните сметки и да пријават сомнителни пораки кај надлежните институции или во надлежната банка.
- Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи продолжува со активни истраги и преземање мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами - се потенцира на крајот од објавата.
