Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈАВЕНО, ПА ОДЛОЖЕНО: Новата зграда на граничниот премин „Богородица“ ќе се промовира друг пат

НАЈАВЕНО, ПА ОДЛОЖЕНО: Новата зграда на граничниот премин „Богородица“ ќе се промовира друг пат
Царинската управа го одложи за денеска најавениот настан - промоција на новата административна зграда на граничниот премин „Богородица“, на македонско-грчката граница. Во соопштението се наведува дека промоцијата се одлага „од оправдани причини“, а за нов термин јавноста ќе биде дополнително известена. Нема подетално објаснување за причините за одлагањето. Зградата на ГП „Богородица“ и придружните објекти беа реконструирани во рамки на Проектот BORDER IN финансиран од ЕУ, како дел од програмата за прекугранична соработка со Грција. Реконструкцијата чинеше 193.000 евра. Настанот вчерас го најави и Делегацијата на Европската унија во Скопје, а беше најавено присуството на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, евроамбасадорот Аиво Орав и директорот на Царинската управа Наташа Радеска Крстевска. Според ЕУ, реновираниот граничен премин треба да придонесе запобезбеден и побрз проток на стока и луѓе, зголемена патна безбедност, зајакната билатерална трговија, поголема мобилност и подобри услови за работа на царинските службеници. ЕУ инвестира 1,9 милиони евра во реновирање и надградба на просториите за царинската служба на граничниот премин Табановце, како и 1,5 милиони евра за граничниот премин Ќафасан.
Слично

Поврзани вести