Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈАВЕНО НЕВРЕМЕ: Подгответе се за дожд и постудено време

НАЈАВЕНО НЕВРЕМЕ: Подгответе се за дожд и постудено време

Невреме се очекува во Македонија. 

По два дена ќе имаме голем пад на температурите. 

Во попладневните часови, ноќта, но и утре времето ќе биде значително облачно, локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

Процесите локално ќе имаат услови да бидат поинтензивнии во форма на невреме проследено со град, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец, утре ветерот на повеќе места ќе биде од југозападен правец, а температурите на воздухот ќе бидат во опаѓање и тоа особено во северните предели. Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, додека утре од 21 до 28 степени, во најтоплите предели истите има услови да се искачат до околу 30 степени. Голем пад на температурите насекаде ќе има од четврток“, наведува тој. 

Невреме веќе има на Балканот, а Италија и Франција се борат со поплави. 

Обилни дождови имаше во Хрватска и Црна Гора. 

Слично

Поврзани вести