Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈАВЕН ТУРБО ДНЕВЕН РЕД ВО СОБРАНИЕТО - по речиси еден месец немање кворум

НАЈАВЕН ТУРБО ДНЕВЕН РЕД ВО СОБРАНИЕТО - по речиси еден месец немање кворум

Пратениците денеска продолжуваат со работа во Собранието, по речиси еден месец пауза.

За ова вчера известија од Собранието, од каде велат дека денеска ќе бидат свикани продолженијата на 21, 22, 25 и 26-та пленарна седница. На седниците се поднесени неколку закони од владејачкото мнозинство, но и од опозицијата.

Претходниот пат, на 16-ти февруари, обидот за одржување седница покажа дека парламентарното мнозинство не е комплетно поради неколку пратеници од ДУИ. Постојат неколку причини за неможноста да се одржи седница, меѓу кои и тоа недоаѓање на сите пратеници од владејачкото мнозинство – СДСМ и ДУИ на седниците поради коронакризата или други лични причини.

Претседателот на Собранието Талат Џафери на средбата со новинарите најави разврска на ваквите случувања во Собранието. Последен пат пленарна седница имаше на 3 февруари.

Слично

Поврзани вести