Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најава за нови снимки од „Рекет“

Најава за нови снимки од „Рекет“

Ќе има ли денеска нови снимки со детали за случајот Рекет како што најавува авторот на првиот прилог Ларис Гајсер. Словенецот кој не и е непознат на македонската десна политичка елита и кој соработува со десничарскиот весник од Милано, Ла Верита за некои македонски медиуми вчера попладнето рече дека денеска ќе има нови детали. Претходно објави на својот фејсбук профил дека првообјавеното видео е само почеток и дека следуваат како што рече, нови шокантни документи за Македонија.

Гајсер е активен на социјалните мрежи и од вчера има и многу нови пријатели на фејсбк од Македонија. На неговиот профил пишуваат Македонци кои го охрабруваат да продолжи со објавите. 

Гајсер е геополитички аналитичар кој дипломирал на правниот факултет во Верона а специјализирал на Политехничкиот Универзитет Англија во Велика Британија и во ОН.

Тој е и економски советник, и е член на Паневропската Унија. Тој имал извесни контакти и со македонски политичари.

Какви снимки има, од каде му се и зошто се ангажира за ова, засега не открива. Тој вчера објави текст во италијанскиот весник ЛаВерита со видео и аудио снимка на која се докажува наводно моментот кога Орце Камчев им дава пари на Зоран Милески и на Боки 13 осомничени во случајот Рекет. На аудио снимката се слуша разговор на Боки 13 и на Орце Камчев на кој тие разговараат за евентуално пуштање на Камчев од притвор со помош на Катица Јанева.

Слично

Поврзани вести