Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најава за нестабилно време, во Скопје ќе истура

Најава за нестабилно време, во Скопје ќе истура

Од УХМР известуваат дека во Скопје, особено во петок претпладне, ќе го зафати нестабилно време и пороен дожд.

„Утре во ноќните часови и во петок под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град“, објави УХМР.

Во Скопје утре во ноќните часови и во петок, особено претпладне, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и со услови за краткотрајно невреме.

Слично

Поврзани вести