Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најава за 100 вработувања во фабриката ВПТЕКС во општина Илинден

Најава за 100 вработувања во фабриката ВПТЕКС во општина Илинден
Денеска беше пресечена лентата за фабриката ВПТЕКС за производство на работна и заштитна облека на холандската компанија Van Puijenbroek Textiel. Направена е во економската зона Марино-Кадино.  Инвестицијата е вредна два милионa евра, во моментов има 50 вработени, а се планира бројката да порасне на сто вработувања идниот месец со воведување втора производствена линија. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, холандската амбасадорка Мариет Шурман,како и претставници на холандската  Ван Пајнброк Текстил беа дел свеченоста. „Мисијата на овој производствен капацитет на ВПТЕКС е да им излезе во пресрет и да ги задоволи очекувањата и желбите на купувачите со систем на брза реакција и одговор.  Исто така планираме да развиеме систем на продажба со рентирање и перење на работната облека“, истакна инвеститорот. За градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски инвестицијата е од големо значење за општината.. „Една ваква директна странска инвестиција знаеме дека ќе донесе нови технологии, ќе усвои нови практики, ќе пренесе многу знаење, отворање на нови работни места, а со тоа и решавање на егзистенцијалните прашања на повеќе семејства од нашата општина и регионот“, рече Стојановски. Денеска беше пуштена и новата економска улица во зоната Марино-Кадино со должина од  500 и широчина од 10 метри.
Слично

Поврзани вести