Најава Клик Плус: Ја чекаат ли Македонија подобри економски денови со новиот буџет?
Вечерва на дебатната емисија Клик Плус на ТВ 21 ќе биде поставено прашањето за носењето на новиот државен буџет.
Министерството за финансии забрзано работи на подготовка на новиот предлог буџет за претстојната 2018 година кој вети дека ќе го донесе во јавна и транспарентна процедура низ серија на дебати, но од „драфт“ верзијата видливо е дека нема драстични новитети освен што се предвидува ново зголемување на акцизата за дизел горивата за да се пополнат финансиските дупки.
Како до позитивни бројки во економијата во време кога континуирано паѓа индустриското производство, се намалува извозот, каде се странските инвеститори и на кое ниво ќе биде растот на БДП на крајот на оваа година.
На овие теми ќе дебатираат Ванчо Узунов, Ирена Јакимоска, Фатмир Битиќи и Лазар Јовевски.
Емисијата е вечерва Клик Плус на ТВ21 во 21 30.
