Наградата за здравствените работници ќе биде од заемот од Светска банка
Владата долгонајавуваните парични бонуси за здравствените работници за пожртвуваноста во борбата против Ковид-19 ќе ги исплати со пари од заемот од Светска банка, беше одлучено на вчерашната седница.
Самостојниот синдикат за здравство на крајот од минатата година реагираше дека од 22 илјади здравствени работници во државата, само 7.890 земале еднократна финансиска поддршка за третман на лица заболени од КОВИД-19.
Здравствените работници за зголемениот обем на работа во борбата со Ковид-19 ќе добијат бонуси во висина од 7,7 милиони евра.
Станува збор за исплата на планираниот бонус за период од девет месеци, односно од април заклучно со декември 2020 година.
Дел од средствата ќе бидат пренаменети за набавка на опрема за регионалните здравствени центри, како и за финансирање на набавка на вакцини.
