Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наградата за најдобро архитектонско дело во 2014 ја однесе Спортскиот центар „Јане Сандански”

Наградата за најдобро архитектонско дело во 2014 ја однесе Спортскиот центар „Јане Сандански”

Спортскиот центар „Јане Сандански“ на архитектонското студио „Радо Инжинеринг" и проектантите Ѓоко Радовановиќ и Горан Тодоровиќ е најуспешното реализирано архитектонско дело за 2014 година. Наградата, што ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, ја врачи Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој е покровител на манифестацијата. „Квалитетот на архитектурата се постигнува преку натпревар на идеи, концепти и визии за тоа каков треба да биде просторот во кој луѓето можат да живеат, да работат, да спортуваат, да творат. Поттикнувајќи го развојот на архитектурата и архитектонското творење, како и афирмацијата на македонската архитектура и творештво во меѓународни рамки, Асоцијацијата на архитекти на Македонија и оваа година по 38-ми пат ги вреднува најуспешните архитектонски остварувања. Ова признание е дотолку поголемо што доаѓа токму од колегите кои најдобро умеат да ја проценат вредноста на градителските потфати и архитектонските дострели", рече претседателот Иванов на доделувањето на наградата, што се одржа во Музејот на Град Скопје.

Слично

Поврзани вести