Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нагло зголемен бројот на заболени од грип

Нагло зголемен бројот на заболени од грип

Податоците на Институтот за јавно здравје укажуваат дека во периодот од 8 до 14 декември, во земјава се пријавени 126 случаи на грип и заболувања слични на грип, што е зголемување од 31,3 отсто во однос на претходната недела. Најмногу заболени се регистрирани во Тетово (30), Куманово (20) и Македонски Брод (18), додека во Скопје се пријавени 15 случаи.

Најголем дел од заболените се децата и младите, кои го наполнија Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“ и деновиве дневно се примаат по над 100 деца, а повеќе од 50 се веќе хоспитализирани. 

- Имаме над 150 дневни прегледи на деца, 60 се хоспитализирани,- изјави, Мирјана Поповска – Институт за белодробни заболувања кај децата „Козле“ . 

Медицинските лица советуваат, родителите на помалите дечиња да не креваат паника во врска со грипот, затоа што овој бран е очекуван за овој период од годината.

Една од најефикасните методи против грипот е вакцинацијата. За оваа година се обезбедени 80.000 бесплатни вакцини за постари лица над 65 години, деца, лица со хронични болести, бремени жени и здравствени работници. Досега вкупно се вакцинирани 78.730 лица. 

Слично

Поврзани вести