Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нагло заладување, силен ветер и снег низ Македонија

Нагло заладување, силен ветер и снег низ Македонија

Денес, во Македонија настапува нагло заладување проследено со силен северен ветер, кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 70 километри на час.

Според метеорологот Славчо Попоски, од Џенова преку Јонското Море пристигнува нов длабок циклонски систем, кој ќе донесе обилни врнежи. Тие постепено, освен на повисоките населени места, ќе преминуваат во врнежи од снег и во повеќето градови во државата, особено во западните и северните предели.

Во Скопската Котлина се очекуваат послаби врнежи од дожд и снег, додека на околните планини и повисоките места во Скопскиот регион ќе има пообилни врнежи од снег.

На планините и во скијачките центри снежната покривка значително ќе се зголеми – за околу, па и повеќе од 20 сантиметри, а можно е формирање и на мала снежна покривка во дел од градовите, претежно во западна и северна Македонија.

Дневната температура денес ќе се движи во интервал од 1 до 9 степени. Во Скопје се очекува максимална температура до околу 6 степени, но во вечерните часови и во текот на ноќта кон среда ќе следува дополнителен пад.

И во главниот град и во околината ќе дува повремено силен северен ветер со брзина над 60 километри на час.


Слично

Поврзани вести