Надворешниот државен долг пораснал над 300 милиони евра, и внатрешниот растел – Еве како се движеше задолжувањето минатата година
Македонија останува умерно задолжена земја, а нашиот државен долг е понизок од просекот во земјите членки на Европската унија, каде истиот достигнува и до 84 проценти. Иако бројките говорат дека и понатаму остануваме во рамки на предвидените гранци на задолженост, сепак, номинално вредноста на долго пораснала.
Во последниот годишен извештај за управување со јавниот долг, доставен до пратениците, се наведува дека државниот долг на Македонија на крајот на 2022 година изнесува 6.581,1 милиони евра, односно 51 отсто во однос на БДП, што претставува намалување од 1 процентен поен во однос на претходната година.
- Јавниот долг на Макеоднија на крај на 2022 година изнесувал 7.702,9 милиони евра, однсоно 59,7 отсто во однос на БДП што претставува намалување од 1,3 проценти поени во споредба со крајот на 2021 година. Од мај 2019 година во јавниот долг се вклучи и негарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерски друштва основани од државата или од општините, општините во градот Скопје и град Скопје. Негарантираниот долг додаде 0,5 процентни поени во вкупниот јавен долг на крајот на 2022 година. Надворешниот јавен долг изнесува 5.055,5 милини евра, додека внатрешниот јавен долг изнесува 2.647,4 милиони евра – се наведува во извештајот доставен во Собрението.
Како што се наведува во извештајот, надворешниот државен долг на крајот на минатата година изнесува 3.983,7 милиони евра и во однос на претходната година е зголемен за 334,8 милиони евра, додека внатрешниот државен долг изнесува 2.597,4 милиони евра, што претставува зголемување за 166 милини евра во однос на претходната година.
- Што се однесува пак до валутната структура на државниот долг, на крајот на 2022 година доминатно учество има долгот во евра кој учествува со 68,8 отсто во вкупното портфолио и има намалување за 0,6 процентни поени во однос на 2021 година. Долгот во домашната валута во истиот период се намалува за 0,22 проценти проенти, односно од 24,47 отсто во 2021 година на 24,24 отсто на крајот на 2022 година.
Долгот со фиксна каматна стапка во каматната структура на државниот долг се намалува за 5,2 процентни поени во споредба со претходната година. На крајот на 2022 година изнесува 73,7 проценти, што е резултат на поголемот задолжување со инструметни со променлива каматна стапка во текот на минатата година – се посочува во извештајот.
Посебен акцент во извештајот е ставен на реализацијата на лимитите во Ревидираната стратегија за управување со јавниот долг на Македонија за 2022-2024 година со изгледи со 2026 година, во која беше дефинирано максималното ниво на јавниот долг од 60 отсто од БДП на среден и долг рок, а утврдено беше и максималното ниво на гарантираниот јавен долг од 15 проценти од БДП.
- Јавниот долг на крајот на 2022 година изнесува 59,7 проценти од БДП и е во рамките утвредени со стратегијата. Од друга страна, грантираниот долг на крајот на 2022 година изнесува 8,2 отсто од БДП и е во рамките утврдени со сратегијата.
Во согласност со лимитот на валутната структура на државниот долг, евро долгот во портфолиото на долгот во странска валута треба да биде застапен со најмалку 85 отсто. Заклучно со 31 декември 2022 година, учеството на еврото во долгот изнесува 90,8 проценти, што е во согласност со поставениот лимит.
Со ревидираната стратегија беше утврден лимит за каматна структура на државен долг според кој долгот со фиксна каматна стапка треба да биде застапен со најмалку 60 проценти во вкупното должничко портфолио, а на крајот на 2022 година долгот со фиксна камата учествува со 73,7 проценти во структурата на државниот долг – се потенцира во извештајот.
Согласно со старгетите за утврдување на оптимално ниво и структурата на протфолиото на јавен долг со стратегијата беа дефинирани и краткорочни лимити кои се однесуваат само за 2022 година. Така краткорочнот максимален лимит за нето задолжување (домашно и странско) по основ на државен долг во 2022 година беше утврден на 750 милини евра. Во текот на годината реализирани се нето задолжувања во износ од 401,6 милини евра, што значи дека задолжвуањето минатата година е под лимитот предвиден во стратегијата.
- Во текот на 2022 година финансирањето на буџетскиот дефицит и рефинансирање на обврските во 2022 година, се реализираше преку задолжување со домашен заем, преку издавање на регистрирани хартии од вредност на германскиот пазар на капитал, со повлекување на првата транша од Инструментот за претпазливост и ликвидност од ММФ, како и со нето повлекување на домашниот пазар на државни хартии од вредност.
Со цел да се заштити портфолиото на долгот на централната влада од ризикот за рефинансирање, дефиниран е лимит според кој минималното ниво на индикаторот „Просечно време на достасувањае“ во 2022 година треба да биде 3 години. Имајќи предвид дека заклучно со 31 декември 2022 година „Просечно време на достасување“ изнесува 5,3 години.
Понатаму, лимитот за „Просечно време на промена на каматните стапки“ треба да го заштити портфолиото на долгот на централната влада од ризикот од промена на каматните стапки при што е утврдено минимално ниво на овој индикатор во 2022 година да биде 3 години. На крајот на 2022 година „Просечното време на промена на каматните стпаки“ изнесува 4,7 години – пишува во извештајот.
П.О.