НАДВОРЕШЕН ДОЛГ: За три месеци – пораст од 400 милиони евра!
Само за три месеци, или во првиот квартал од годинава во однос на последниот кавртал од лани Бруто Надворешниот долг на Макоеднија се зголемил за 407 милиони евра. Според најновите податоци на Народната Банка, изработени според новата методологија која е во согласност со стандардите на Меѓународниот монетарен фонд, Бруто надворешниот долг заклучно со март изнесува 5 милијарди 617 милиони евра, додека на крајот на 2013 та година ова ниво изнесувало 5 милијарди и 210 милиони евра.
Народната Банка објави дека од сега па натаму ќе спроведува мерња на дел од економските трендови и показатали според нова методологија.
“Податоците за платниот биланс за април 2014 година, меѓународната инвестициска позиција за првиот квартал од 2014 година и бруто надворешниот долг и бруто надворешните побарувања за првиот квартал од 2014 година се објавени во нови стандардни извештаи, во кои одделни категории имаат изменета содржина и структура“, посочуваат од НБРМ.
Според податоците базирани врз новата методологија, значаен пораст има кај Јавниот долг чие ниво на крајот на март годинава изнесува 2,5 милијарди евра или 31,29% од БДП. Само за три месеци Јавниот долг, кој ги вклучува долговите на државата е зголемен за 334 милиони евра.
Новото методолошко мерење покажува дека кај државата има пораст и кај краткорочните и кај долгорочните задолжувања. Така, на крајот на март, државата по основ на краткорочни кредити должи 1 милијарда и 626 милиони евра додека нивото на долгорочни долгови изнесува 1 милијарда 616 милиони евра.
Според податоците на Министерството за финансии, Јавниот долг на Централната Влада заклучно со мај изнесува повеќе од 2 милијарди и 818 милиони евра или 34,9 проценти од БДП и во однос на април е забележан раст од 0,1 процентен поен.
Слично
