Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАДВОР ОД ПОЛИТИКА: Талат Џафери со честитка

НАДВОР ОД ПОЛИТИКА: Талат Џафери со честитка

Претседателот на Собранието, Талат Џафери го честита најголемиот христијански празник.

„Ви посакувам добро здравје, благосостојба и духовен мир, а бидејќи Велигден е празник на семејството и ближните, на сите верници им посакувам топлина во домот, лична среќа и љубов до своите ближни и до секој човек. Апелирам заеднички да побараме разбирање, почит и човекољубие меѓу сите нас кои живееме во Република Македонија, без разлика на верската или етничката припадност. Водени од оваа верба, треба да ги продолжиме воспоставените вредности во Република Македонија, почитување на верските различности и на религиозните посебности, афирмирајќи ги човечноста и начелата за мир и заедништво. Соживотот и религиското почитување се традиционални вредности меѓу сите граѓани, а наша должност е тие вредности да ги зачуваме и надградуваме“, порача Џафери.


Слично

Поврзани вести