НАДВОР Е ВИСТИНСКА ЗИМА: Еве ја прогнозата за следните три дена
Буквално вистинска зима владее надвор. Снег вее на повеќе места ширум државата, како и во главниот град.
Ветерот од северен правец не престана да дува скоро цела ноќ.
За денес УХМР најавува облачно и студено време, а ветерот ќе продолжи .
од 1 до 8 степени ќе се искачи максималната температура , додека во Скопје, таа се очекува да биде до 6 степени Целзиусови.
Снегот ќе вее претежно во планинските подрачја.
Слично време ќе биде и утре, среда.
Умерено до значително облачно, попладне вдолж Повардарието со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. До крајот на денот облачноста ќе се намали.

Слично
