Економија, финансии, бизнис

Контакт

Надрилекар од Турција „лечел“ во гостиварско

Надрилекар од Турција „лечел“ во гостиварско

Надрилекар од Турција „лечел“ од разни болести во земјава, а си отворил и „ординација“ во гостиварско.

Полицијата соопшти дека вчера во гостиварско е уапсен млад човек од Турција, кој лажно се претставувал како медицинско лице. Тој во куќа во селото Врапчиште земал пари од луѓе кои ги „лекувал“ од секакви болести со надрилекарство.

„На 08.06.2023 во гостиварско Врапчиште, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Ч.(33) од Република Турција. При претрес во куќа во содејство со Државен санитарен и здравствен инспекторат, која ја користел како ординација за надрилекарство, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени поголема количина на таблети, медицинска документација, пари и друг предмет“, соопштија од полицијата. 

Турчинот е задржан во полициска станица и по расчистувањето и документирањето на случајот, против него ќе биде изготвена соодветна пријава.

Пред три години во Неготино беше уапсен надрилекар кој продавал лажни креми за 100 евра. 

Слично

Поврзани вести