Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАДОЈДЕНИТЕ РЕКИ НОСЕЛЕ ЦЕЛИ КУЌИ: Во Германија загинаа над 90 луѓе, 1.300 се исчезнати

НАДОЈДЕНИТЕ РЕКИ НОСЕЛЕ ЦЕЛИ КУЌИ: Во Германија загинаа над 90 луѓе, 1.300 се исчезнати

Во едно од најстрашните невремиња што зафати поедини области во Германија досега загинаа 93 луѓе. Властите од покраината Северна-Рајна Вестфалија пријавија најголем број жртви, додека од областа Пфалц, локјалните власти информираат дека се трага по илјадници луѓе.

-Во моментов претпоставуваме дека има околу 1.300 исчезнати лица. Само во областа на окружниот град Бад Ноенахр-Ахрвајлер, од утрово имало околу илјада повици, а операциите за спасување продолжуваат“, се вели во соопштението на службата.

Германските служби за итни интервенции и цивилна заштита јавуваат дека цели куќи и други објекти биле носени од надојдените реки. Во спасувачките акции луѓето биле извлекувани само со чамци, а лолакните спасувачки тимови информираат дека биле евакуирани повеќе домови за стари лица.

Настаната е огромна материјална штета, парализиран е сообраќајот, како и дел од мобилната телефонија, а екипите на терен се обидуваат состојбата да ја стават под контрола.


Слично

Поврзани вести