Економија, финансии, бизнис

Контакт

Надојдената река Тркања однесе 120 јагниња и 100 овци во струмичко

Надојдената река Тркања однесе 120 јагниња и 100 овци во струмичко

Надојдената река Тркања за 10 минути однесе 120 јагниња и 100 овци во струмичко. 

Во селото Костурино ова се случило при поплавување на штала. Дождовите во Струмичко предизвикаа и поплавување на земјоделските површини и на дворовите во селата Муртино и Сачево. Градоначалникот Петар Јанков информираше дека ги посетил критичните точки во селото Муртино и околината, и кажа дека на терен се екипите на ЈП „Комуналец“, со механизација.
Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана и се бележи опаѓање на водостојот на реките Струмица и Тркања, иако, како што велат, на одделни места сè уште има појава на „заезерување“.
Поради последните врнежи во регионот, зголемен е водостојот на Кумановска Река, Пчиња и Крива Река, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.
фото Фејсбук/Петар Јанков

Слично

Поврзани вести