НАДОЈДЕ ВАРДАР КАЈ ВЕЛЕС: Поплавени се двете страни на кејот
По обилните дождови, кејот во Велес е поплавен.
Реката Вардар денеска го зголеми својот водостој и предизвика поплави во Велес, потопувајќи ги двете страни од кејот и делови од Градскиот парк.
Според директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, надлежните веќе се известени за опасноста од излевање на реката. Тој нагласи дека Општина Велес има обврска веднаш да реагира, да изврши теренски увид и да постави соодветни обележувања за потенцијално загрозените подрачја.
„Станува збор за урбано подрачје, каде што одговорноста за управување со реката и околината ѝ припаѓа на општината. Потребни се итни мерки за заштита“, изјави Ангелов.
Маркова река вчера се излеа во Батинци. Деновиве имаме врнежи од дожд, а според најавите и следните денови ќе врне.
Слично
