Економија, финансии, бизнис

Контакт

Надлежните во рок од 3 месеци да достават можни локации каде би можеле да се дислоцираат кафеавите мечки

Надлежните во рок од 3 месеци да достават можни локации каде би можеле да се дислоцираат кафеавите мечки

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со научни институции се задолжуваат во рок од 3 месеци да достават можни локации каде би можеле да се дислоцираат/префрлат кафеавите мечки.


Министерството за животна средина и просторно планирање е задолжено во рок од 3 месеци да направи анализа од регионот за формирање интервентен тим за крупни ѕверови и да ја информира Владата.

Владата на денешната 193-та седница ја разгледа и усвои Информацијата по однос на состојбата на кафеава мечка (Ursus arctos L.), дивеч под заштита кој е трајно забранет за лов и зголемениот обем на штета која овој дивеч ја причинува врз имотот и добрата на граѓаните на државава.

 Владата ги задолжи надлежните институции да се преземат конкретни мерки во однос на усвоената Информација. Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 12 месеци треба да изработи акциски план за управување со кафеава мечка (Ursus arctos L.)  за територијата на Република Северна Македонија.

Во западна Македонија, мечките се спуштаат во селата и предизвикаа страв кај населението. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести