Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАДЛЕЖНИТЕ СООПШТИЈА: За 24 часа има 87 нови заразени и еден починат

НАДЛЕЖНИТЕ СООПШТИЈА: За 24 часа има 87 нови заразени и еден починат

Во Македонија во последните 24 часа има 87 нови случаи на Ковид-19, и еден смртен случај. 

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи во: Скопје-41, Куманово-12, Штип-16, Тетово-10, Струга-1, Охрид-2, Гостивар-1, Пробиштип-4.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 5 оздравени пациенти, во: Скопје-1, Прилеп-2, Тетово-2. На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.424.

По направени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Охрид е од Струга.

Слично

Поврзани вести