НАДЕЖТА ПОСЛЕДНА УМИРА: Ќе заживее ли запуштениот спортско – рекреативен центар „Треска“?
Езеро со нечиста вода, запуштеност наоколу, расфрлано ѓубре на сите страни, клуч на угостителските објекти.
Ваква слика ќе затекнете ако се упатите кон спортско – рекреативниот центар „Треска“.
Меѓутоа, она што барем малку влева надеж е вчерашната најава од надлжните во Град Скопје.
Градначалникот Петре Шилегов најави дека ќе го прави езерото Треска бисер на Скопје со сума од околу 7 милиони евра.
Советот на град Скопје без поддршка од опозицијата ја поддржа Предлог – одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Сарај за изработка на проект за ревитализација на езерото „Треска“. Ова значи дека наскоро би можело да се очекува и преземање на конкретни мерки за реализација на ваквата намера.
Шилегов рече дека ќе се заложи СРЦ „Треска“ да им остане на другите генерации.
Информираше дека се изработува колекторски систем на Треска за водите од Треска чисти да влегуваат во Вардар а ќе се прават напори езерото да се приспособи за капење така што Скопјани ќе имаат каде да се рекреираат и да избегаат од горешините а загадувањето како што кажа е доволен мотив за Градот да инвестира.
Градоначалникот Петре Шилегов нагласи дека СРЦ „Треска“ е еден од капиталните објекти во Скопје и дека негова заложба е овој центар да им остане на другите генерации.
Езерото Треска се простира на околу 35 хектари, а додека имаше вода беше длабоко три метри и имаше капацитет за 10.000 капачи, додека спортско-рекреативниот центар „Треска“ е изграден во 1978 година со самопридонес на жителите на Скопје.
Насловно фото: Александар Колов
