НАДЕЖТА НА МАКЕДОНИЈА: Од јануари 2019-та на иста маса со членките на НАТО
Македонскиот национален координатор за НАТО Стево Пендаровски смета дека Македонија во јануари ќе седне за иста маса со државите членки на НАТО, пренесе Алсат М.
Пендаровски, кажал дека неговите очекувања, доколку се биде по план, во текот на средината на јануари следната година, Македонија и официјално ќе учествува на состаноците на земјите-членки на НАТО, но без право на глас, додека парламените на државите на Алијансата не го завршат процесот на ратификација на протоколот за зачленување на Македонија во НАТО.
Тој е оптимист дека Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО во текот на 2020 година.
НАТО и порача на Македонија дека до моментот на зачленување ќе подготви законска платформа за начинот на функционирање на безбедносен сектор, кој и требало да се усогласи со НАТО правилата.
Foto Depositphotos
