НАД СТО ЛИЦА ГИ ГАСНАТ ПЛАМЕНИТЕ ЈАЗИЦИ НАД БИТОЛА - затворени патишта поради пожарите
Екипите на ТППЕ Битола, како во текот на ноќта, така и утрово продолжуваат да работат на целосно ставање под контрола на пожарот над Битола.
Од Општина Битола утрово информираа дека заедно со екипите на јавните претпријатија во моментот на терен се над 100 лица, за кои се обезбедени доволни количини на храна и вода.
- Паралелно се одржува комуникација со центарот за управување со кризи од каде е најавена поддршка од воздух во гаснењето на пожарот, соопштија од Општината.

Директорот на Центарот за уравување со кризи, Стојанче Ангелов утрово соопшти дека рано се упати турки хеликоптер на планината Серта при што упати благодарност до сите храбри пилоти кои се борат против огнената стихија.
Посебна благодарност, напиша Ангелов, до Република Турција за испратената помош од два ер трактори и еден хеликоптер „Блек Хок" во кој се наоѓам во моментов.
Поради пожарите во Македонија, затворени се два патни правци во земјва.
Од 22.54 часот на обиколницата Битола, патен правец Прилеп-Ресен се пренасочува сообраќајот низ градот Битола.
Како што соопшти АМСМ, причината е активен пожар.
Поради активен пожар на регионалниот пат Р1103 Неготино – Штип, кај с.Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правци.
Фото: Принтскрин/Општина Битола