Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАД ИЛЈАДИ КАЗНИ НАПИША МВР ЗА ДВА ДЕНА - возат без возачка, со голема брзина, под дејство на алкохол

НАД ИЛЈАДИ КАЗНИ НАПИША МВР ЗА ДВА ДЕНА - возат без возачка, со голема брзина, под дејство на алкохол

За само два дена полицијата изрекла дури 1.103 сообраќајни прекршоци, а биле уапсени пет лица за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик, соопштува Министерството за внатрешни работи. 

- Во текот на првите два работни дена од овој месец (01./02. 09.2025) во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи регистрираа вкупно 1.103 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во помала мера и по основ на Законот за возила.

Притоа, по основ на одредби од ЗБСП, односно заради неприлагодена брзина на движење изречени беа 369 прекршоци, за неправилно паркирање 353, додека пак 98 учесници во сообраќајот се отстранети од сообраќај поради непоседување возачка дозвола. 
Исто така, за 53 учесници во сообраќајот изречени се прекршоци за некористење сигурносен појас, 26 лица се санкционирани за користење на мобилен телефон при управување со возило, 41 возач на мотоцикл за неносење заштитен шлем - појаснуваат од МВР во соопштението. 

Потоа додаваат дека се евидентирани се четири случаи на минување на црвено светло, санкционирани се и двајца пешаци и еден возач на електричен тротинет, а од сообраќај се отстранети петмина возачи за управување на возило со прекумерно количество алкохол во крвта.
Истоа така лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле пет лица, од кои едно за возење под дејство на алкохол, едно за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, а две лица за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.

Согласно пак Законот за возила во посочените два дена беа изречени четири прекршоци по основ на технички неисправни возила и 27 по основ на возила коишто не биле регистрирани и биле исклучени од сообраќај.

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта - се потенцира во соопштението на МВР. 
Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести