Над 7.000 фирми чекаат последен момент за да вградат фискален апарат со GPRS уред
Законскиот рок до кој даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи) треба да воведат и регистрираат фискален апарат со GPRS уред истекува најдоцна до 31 октомври 2014 година.
Еден месец пред истекот на рокот 1156 обрзници успешно регистрирале 1595 вакви фискални апарати, а до 31 октомври 2014 година се очекува 7833 даночни обврзници да ја заокружат постапката.
Од тие причини, од УЈП апелираат фирмите да не го чекаат последниот рок и навремено да се обратат кај некој од овластените производители заради обезбедување и регистрација на фискален апарат со GPRS уред.
Постапката на регистрација трае до 10 минути и се врши електронски од страна на овластениот производител, во моментот на набавка на фискалниот апарат.
По успешната електронска регистрација во системот на УЈП, обврзникот може веднаш да го постави фискалниот апарат со GPRS уред во деловниот објект и да врши регистрирање на готовинскиот промет.
Рокот за сите други даночни обврзници е до 31 јануари 2015 година.
Слично
