Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 500 потреси во охридско за десетина дена

Над 500 потреси во охридско за десетина дена

Oд 18 до 29 јуни, во охридскo се регистрирани над 500 потреси, кои се слаби со Рихтерова магнитуда помеѓу 1 и 2, велат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Со Рихтерова магнитуда помеѓу 2 и 3 се регистрирани 31 земјотрес, а со магнитуда поголема 3  имало 4 земјотреси. Најсилниот потрес беше на 20 јуни во 15 часот и 10 минути. Тој беше со Рихтерова магнитуда 3.6  и беше почувсвуван во епицентралното подрачје со интензитет од V степени според Европската Макросеизмичка Скала. 

Од утринава регистрирани се 10-тина земјотреси кои се почувствувани во епицентралното подрачје со интензитет од III степени според Европската Макросеизмичка Скала. 

Ноќеска и утрово имаше три земјотреси во охридскиот регион.

Земјотресите не предизвикаа никакви материјални штети.

Експертите по сеизмологија оценуваат дека се работи за редистрибуција на напрегање на силите за сеизмички активно подрачје.

Слично

Поврзани вести