Економија, финансии, бизнис

Контакт

Правно невидливи, реално на маргините! Околу 500 лица живеат без заштита и во сиромаштија

Правно невидливи, реално на маргините!  Околу 500 лица живеат  без заштита и во сиромаштија

Без државјанството, регистриран граѓански статус и лични документи живеат околу 500 лица во земјава. Правно се невидливи и не можат да ги добијат  основните социјални и економски права,  па најголемиот дел од нив секојдневно се борат со сиромаштијата, маргинализацијата и дискриминацијата. Александра Ефремова  од  Македонското здружение на млади правници МЗМП повеќе од шест години работи на проблемот бездржавјанствоод кој како што вели  најзасегнати се децата  кои растат сметајќи дека основните права се луксуз.

“Лично  не би сакала да го употребувам изразот “фантоми”, иако во јавноста често се употребува, ние ги нарекуваме правно невидливи лица. Точна бројка нема, затоа што државата нема официјални податоци за бројот на лицата кои не се запишани во матична книга на родените. Овие лица се лица кои немаат правен идентитет затоа што нивните раѓања и лични имиња не се запишани во матична книга на родените и немаат извод  за потврда на нивниот идентитет. Поради тоа, тие правно и не постојат. Државата иако го увиде овој проблем и започна да спроведува акција за дополнителен упис во матичката книга на родени, сепак, не превзема доволно мерки за нивна заштита, утврдување на точниот број и пред се, да им го олесни нивниот пристап до основните права”- вели Ефремова.

Бездржавјанството  како што вели е состојба на ранливост. Лицата кои се без државјанство најчесто немаат пристап до здравстена заштита, образование, вработување, социјална помош, и се во ризик да бидат приведени поради непоседување на документи со кои би го докажале нивниот идентитет.

“Постапката за дополнителен упис во матична книга на овие лица е прекомплицирана, трае подолго време,посебно ако се родени во домашни услови, се бараат дополнителни докази меѓу кои и ДНК анализа. Таа е прескапа и овие лица, кои се во социјален ризик и живеат во тешка сиромаштија не можат да ја обезбедат. Министерството за труд и социјална политика обезбедува средства за покривање на трошоци за 20-ина случаи годишно за ДНК анализа, што секако е олеснување, но не за сите лица и не е доволно да се опфатат сите случаи. За сето ова време додека трае постапката за упис, што некогаш трае и по неколку години, овие лица немаат пристап до правото на државјанство, здравствена заштита, социјална парична помош, вработување, образование. Посебно погодени се децата чии мајки исто така не се запишани во матичната книга на родени- тие деца не можат да се запишат и добијат извод  додека мајката не се запише  и не добие извод од матичната книга на ордени и лична карта”- додава Ефремова.

 Овие лица како што вели не можат да добијат и соодветна здравствена заштита, а процедурата за отпочнување на процес за добивање  граѓански статус  е  долга, скапа и мачна. Овие состојби кои се најчесто резултат на комплицирани административни постапки доведуваат до сериозен проблем во уживањето на основните социјални и економски права за голем број лица кои живеат во Македонија.

“За да добијат правен статус потребно е да поведат постапка за дополнителен упис  и да ги обезбедат дополнителните докази кои во прилог на барањето за упис ги бараат од нив службените лица од матичната служба. Доколку мајката е странски државјанин, потребни се и документи од нејзината матична земја, не постари од 6 месеци, што претставува дополнителен трошок по нивниот буџет и дополнително одолговлекување на постапката. Нашето здружение, во рамките на проектот “Превенција и намалување на бездржавјанството”, кој го спроведува заедно со канцаларијата на УНХЦР во Скопје обезбедува бесплатна правна помош на овие лица и финансиски ги покрива административните трошоците за постапката за упис во матичните книги на родени”-

потенцира Александра Ефремова од Македонското здружение на млади правници- МЗМП.

Во моментов, нема официјални и сеопфатни податоци за бездржавјанството кај децата во Македонија. Според податоците со кои располага здружението во 2016 година во Македонија има 599 лица кои се без државјанство или во ризик од бездржавјанство.

Слично

Поврзани вести