Над 40.000 членови на СДСМ, односно 78,5 отсто гласале за избор на лидер до 18 часот
До 18.00 часот гласале над 40.000 членови на СДСМ, односно 78,5 отсто од регистрираните.
Гласањето тече мирно, демократски на сите 194 гласачки места во сите 80 општини. По затворањето на гласачките места во 19.00 часот и по обработка на податоците, Централната изборна комисија ќе ги соопшти резултатите од вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ.
foto Facebook
Слично
