Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАД 400 ВОЈНИЦИ ГО ГАСАТ ПОЖАРОТ КАЈ РОБОВО, ИСТЕВНИК И УМЛЕНА - армиските хеликоптери истурија 56 тони вода

НАД 400 ВОЈНИЦИ ГО ГАСАТ ПОЖАРОТ КАЈ РОБОВО, ИСТЕВНИК И УМЛЕНА - армиските хеликоптери истурија 56 тони вода

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска објави дека дури 400 војници го гасат пожарот во делчевско-пехчевскиот регион, конкретно во селата Истевник, Робово и Умлена. 

„Се зголемува ангажманот на Армијата во регионот на Делчево и Пехчево - 400 припадници на Армијата во моментов го гаснат пожарот во кај селата Истевник, Робово и Умлена. Армиските хеликоптери таму исфрлија 56 тони вода, а вкупно досега со над 100 лета исфрлени се 200 тони вода на сите кризни подрачја зафатени од пожари, секаде каде што ЦУК побара реакција. Армијата безрезервно се ангажира во справувањето со пожарите од терен и од воздух“, пишува Шекеринска на фејсбук. 

Претходно Шекеринска објави дека во земјава пристигнале словенечките пожарникари и веќе се во Берово, од каде ќе бидат распоредени да помогнат во гасењето на пожарите во регионот.


Слично

Поврзани вести