НАД 40 ИЛЈАДИ ДИЈАБЕТИЧАРИ ПОД РИЗИК - „технички проблем“ им ја доцни терапијата три месеци
Веќе три месеци постои истиот проблем за 40.000 дијабетичари во земјава. Инсулин, ленти за мерење гликемија и игли во државата има, ама за пациентите исто како да ги нема. Поради административен проблем при впишувањето на кодовите на ново набавениот инсулин, терпијата за нив не е достапна.
Од Сојузот на Здруженија на дијабетичари на Македонија апелираат Министерството за здравство, а посебно од „Мој термин“ да си го средат хаосот. Од Сојузот бараат Министерството конечно да го реши проблемот, во спротивно ќе излезат на протести.
Од Министерството за здравство велат дека проблем има, но тој е технички проради промена на софтверот. Изминатиов период поради промена во софтверот за нов вид на инсулински продукти - игли Тип1 и Тип2, како и апаратчињата за мерење гликемија кои не ги препишува лекар, туку системот сам ги генерира, не се издаваа истите, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Од Министерството за здравство ветуваат дека терапијата ќе биде достапна од вторник.
