Над 35 илјади лични карти чекаат сопствениците да си ги подигнат
Над 35 илјади документи за лична идентификација чекаат да бидат подгинати од граѓаните.
За ова денеска соопштија од МВР од каде апелираа граѓаните да поминат во подрачните единици на министерството (таму каде што поднеле за нова лична карта) и истата да си ја подигнат.
„Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните чии нови лични карти се веќе испечатени да дојдат во подрачните единици на Министерството (онаму каде што аплицирале за издавање на овие документи) и да си ги подигнат.
Имено, во овој момент над 35 илјади лични карти кои што во изминатиот период беа изработени чекаат на подигање од страна на граѓаните“, соопштија од МВР.
Оние граѓани кои не ги подигнале новите лични карти во МВР може да имаат проблеми на денот на изборите, односно ќе нема да може да гласаат.
