Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 3300 вработувања за 2018 во Јавниот сектор

Над 3300 вработувања за 2018 во Јавниот сектор

Минатата 2018 година имало 3346 вработени повеќе во јавниот сектор од 2017 година, ова го изјави денес Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчев во Извештајот за структурата на вработените во јавниот сектор.

Министерот Дамјан Манчевски рече дека бројот на вработени во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2018-та година изнесува 132.068 и дека oвие вработени лица се распределени во 1.314 институции.

Министерот потенцираше дека процентот на жени вработени во јавниот сектор е поголем од процентот на мажи, а во однос на образование, минатата година бил зголемен бројот на вработени со високо образование и вработени магистри.

За споредба извештајот од 2017 година, пак, покажува дека во 1.299 институции работеле 128.722 лица.

Слично

Поврзани вести