НАД 318 ИЛЈАДИ ЛУЃЕ СЕ ОШТЕТЕНИ: Тренчевска од СДСМ обвинува за измама на пензионерите
По изгласувањето на законските измени со кои сите пензионери ќе добијат зголемување на пензиите од 2.000 денари остра реакција од опозициската СДСМ, кои, како и други претходно, обвинуваат за измама на пензионерите.
- Власта спроведува историска измама на пензионерите. Со последната одлука за зголемување од само за 1.000 денари, пензионерите се оштетени не еднаш, туку двапати – во септември 2025, и уште еднаш во март 2026 година - посочи на прес-конференцијата пратеничката и некогашна министерка, Јована Тренчевска.
Таа укажа дека со ваково линеарно зголемување од 1.000 денари, Владата го укинува правичното законско усогласување – со што пензиите ќе се зголема многу повеќе.
- Механизмот што го донесе СДСМ да ги штити пензиите од инфлација и раст на трошоците за живот ќе значеше зголемивање на сите пензии за 5 отсто во септември и уште 5 проценти во март, со сегашното ниво на трошоци и плати.
Сега, 92,5 отсто од сите пензионери – над 318.000 луѓе – се оштетени и ќе добијат помали пензии отколку што реално им следува и заслужиле.
Некои помали дури и за 2.000 денари, некои помали и за 4.000 денари.
Ете толку им краде владата на пензионерите во септември и март - потенцираше Тренчевска.
Таа дополнува дека со измените само 7,5 отсто од пензионерите ќе добијат некаква корист, и тоа – помалку од тоа што им следува и го заслужиле.
- Ова не е „повисока пензија“, ова е системска измама и пресметан грабеж.
Погрешните политики на Владата на Мицкоски се рецепт за сиромаштија на пензионерите.
Инфлацијата во земјата изнесува 4,5 проценти – што директно го јаде животниот стандард на пензионерите. Трошоците за живот пораснаа за над 6.000 денари годишно.
А дефицитот на ПИОМ фондот надминува 47 отсто и секојдневно расте. Ова е сериозен аларм и загрозување на исплатата на пензиите во иднина - укажа таа.
Потоа дополни дека луѓето кои целиот живот го посветиле на работа, на земјата, на општеството не заслужувата ваков однос од сопствената власт.
- Не смееме да дозволиме оние што ги изградиле училиштата, болниците, патиштата, фабриките – денес да живеат со страв од сметки, со скратена пензија, со чувство дека се заборавени.
Пензинерите не бараат милостина, им следува она што со години, со труд и одрекување, го заслужиле - потенцираше Тренчевска во име на СДСМ.
