Над 30 здравствени установи со нови директори, до петок кадровски промени
Вкупно 33 здравствени установи денеска добиваат нови директори, вели заменик-министерот за здравство, Гоце Чакаровски.
Tој вели дека и утре ќе продолжат со смена на директори.
„Кадровските смени ќе продолжат до крајот на неделава“- рече тој.
Чакаровски додаде дека не знае кои директори остануваат на своите функции. Тој најави дека наскоро ќе бидат објавени и тие информации.
До петок, како што наведе Чакаровски, Министерството за здравство ќе ги направи сите кадровски промени.
Слично
