Над 20.000 повици на СОС телефонот на Меѓаши
Над 20.000 повици имало на СОС телефонот на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ која слави 27 години од основањето. Таа е најстара граѓанска организација во земјата за заштита на правата на детето.Оттаму велат дека во сите овие години, над 1.200 волонтери земале учество во активностите.
„Истите одработиле над 700.000 работни часа. Нивната работа пресметана во пари е над еден ипол милиони евра. Поделени се преку 100 тони хуманитарна помош. Повеќе од 1.500 натписи за активностите на амбасадата излезени се во печат. Над 2.000 деца ги посетувале бесплатинте детски работилници. Околу 8.500 деца се зачлениле во Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Повеќе од 500 деца биле опфатени во летните кампови, стои во соопштението.
Велат и дека во изминатиот период (1992-2019) Амбасадата ја остварува својата дејност спроведувајќи мониторинг на детските права и промоција на правата на детето во Република Македонија и пошироко застапувајќи ги потребите и интересите на децата пред институциите и пошироката јавност; преземање иницијативи за унапредување на законската регулатива за заштита на децата во Република Македонија и нејзина имплементација како и активности за институционализација на мировното образование . Овие домени остануват од примарен интерес и во наредниот период.
