Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАД 14 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ СЕ ИНВЕСТИРААТ ВО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ГОБ 8 СЕПТЕМВРИ И ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ - болницата треба да биде завршена до октомври

НАД 14 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ СЕ ИНВЕСТИРААТ ВО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ГОБ 8 СЕПТЕМВРИ И ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ - болницата треба да биде завршена до октомври

Вкупно 14,7 милиони евра инвестиции најавија владини претставници денеска во два значајни проекти. Притоа 12 милиони евра ќе се вложат во реконструкција на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември", додека 2,7милиони евра за реновирање на охридскиот аеродром "Св. Апостол Павле".

Како што беше речено на денешната прес конференција во Владата, болницата „8 Септември“ во октомври се очекува да биде целосно реконструирана. Со планираните активности е предвидено да биде опфатен оперативниот блок од седум хируршки сали, две за абдоминална хирургија, две за уролошки интервенции, една сала за уво, нос и грло, една за очна хирургија и една за роботска хирургија. Сите сали ќе имаат најнова опрема, хируршки маси у машини за анестезија, медицински компјутери, дефибрилатори и друг инвентар.

Охридскиот аеродром ќе добие нова административна зграда од 250 метри квадратни, а реновирани ќе бидат и останатите сегменти.

Инвестициите ги најавија премиерот Христијан Мицкоски и министрите за транспорт и за здравство, Александар Николовски и Арбен Таравари.

- Грижата на една влада за своите граѓани се гледа во капацитетите кои ќе ги изгради и ресурсите кои ќе ги стави на располагање.

Со оваа прес-конференција сакаме да го одбележиме и најавиме почетокот на реконструкцијата на два витални капацитета, за коишто веќе претходните говорници зборуваа во детали, тоа е Градската болница 8 Септември и аеродромот во Охрид Св. Апостол Павле.

Здравството, морам да напоменам, беше една од најзапоставените области каде континуираната негрижа од минатата влада доведе до распаѓање и на така дотраените болници и капацитети. Тука морам да оддадам почит на голем дел од посветениот здравствен кадар, кој и во едни такви услови продолжи да работи посветено и во едни супстандардни услови го дава својот максимум - истакна премиерот Христијан Мицкоски на пресконференцијата. 

Потоа дополни дека ова се крупни инвестиции и зафати за објекти кои се од суштинско значење за нашата држава. 

Слично

Поврзани вести