Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 14 милиони денари за патни трошоци: Еве кои пратеници се рекордери по земање патни трошоци

Над 14 милиони денари за патни трошоци: Еве кои пратеници се рекордери по земање патни трошоци

Пратениците во македонското Собрание во текот на 2025 година наплатиле вкупно 14.369.470 денари за патни трошоци, покажуваат податоците од исплатите за минатата година, пишува Либертас.

На врвот на листата е пратеникот Кире Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ, кој за патување од Битола до Скопје наплатил 637.233 денари, со што е апсолутен рекордер за 2025 година. Веднаш зад него е и ланскиот рекордер Петар Ристески, исто така од ВМРО-ДПМНЕ, со 602.187 денари патни трошоци.

  • Кире Божиновски – 637.233 денари

  • Петар Ристески – 602.187 денари

  • Јован Митрески – 464.150 денари

  • Јулија Тушевска – 446.854 денари

  • Зоранчо Јованчев – 426.640 денари

  • Беким Ќоку – 418.281 денари

  • Драгана Арсова – 382.285 денари

  • Петар Марков – 381.829 денари

  • Никола Коњановски – 373.415 денари

  • Миле Талевски – 372.254 денари

Податоците покажуваат дека најголем дел од пратениците со високи патни трошоци доаѓаат од градови надвор од Скопје, но истовремено дел од нив користат и дополнителен надоместок за закуп на стан, што отвора прашања за оправданоста на двојните трошоци.

Според податоците, Даниела Христова, Олга Лозановска, Грација Бакрачевска, Јованка Тренчевска, Лидија Петковска, Ангелинка Петкова и Саранда Имери-Стафаи истовремено наплатувале и патни трошоци и надоместок за изнајмување стан во Скопје.

Дополнително, во анкетните листови доставени до Државната комисија за спречување на корупција, дел од пратениците кои користат вакви надоместоци имаат пријавени сопствени станови во Скопје.

Како илустрација, пратеничката Олга Лозановска користи и патни трошоци и надоместок за закуп, иако во имотната состојба има пријавено стан во главниот град.

Исплатите за патни трошоци и закупнини на пратениците и понатаму остануваат една од најконтроверзните ставки во собраниските трошоци, особено во услови на зголемени трошоци за живот и ограничени буџетски средства.


Слично

Поврзани вести