Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 12.000 туристи го посетиле Скопје за еден месец

Над 12.000 туристи го посетиле Скопје за еден месец

Скопје имало 12.572 туристи, од кои 2.129 домашни и 10.443 странски гости во декември. 

Бројот на туристите во декември 2016 година изнесува 42 101, а бројот на ноќевањата изнесува 81 060.  Бројот на туристите во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, е зголемен за 4.4%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 4.7%. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, е намален за 5.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 11.2%. 

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, е намален за 4.6%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 12.5%. Во периодот јануари-декември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5.0% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.8%, а кај странските има зголемување за 5.1%. Во периодот јануари-декември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.6%, а кај странските има зголемување за 1.7%.

Македонија ја посетиле повеќе од 4.000 Бугари и Грци, над 2000 Турци, Албанци и Срби, 1080 косовски државјани, 830 Хрвати и други. 

Слично

Поврзани вести