Над 1.200 стебла марихуана се откриени кај болницата „Свети Еразмо” во Охрид
Откриени се 1.243 стебла канабис сатива кај болницата „Свети Еразмо” во Охрид.
Полицајци од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал заедно со СВР Охрид на 14 месецов на подрачјето на Охрид уапсија две лица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
Против нив е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Охрид, по што ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен Суд Охрид.
Слично
