НАД 10.000 ЛУЃЕ ПРИМИЛЕ И ТРЕТА ДОЗА: Сепак колкав дел од популацијата во земјава е вакцинирана
Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.830 дози вакцини, од кои 638 се аплицирани како прва доза, 1.472 се ревакцинирани, а 4.720 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.
Оттаму информираат дека заклучно со 22 октомври вкупно се вакцинирани 801.326 граѓани, ревакцинирани се 769.356 а трета доза примиле 10.386 граѓани.
„54 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 проценти од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 проценти, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 проценти од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, велат од Министерството за здравство.
